Yeşim Sert Karaaslan
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 26 терористи се неутрализирани во синоќешните воздушни напади што ги изведоа турските сили врз скривалиштата на терористичката организација ПКК во северен Ирак и во југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери синоќа гаѓале новооткриени скривалишта на ПКК по должината на северноирачкиот планински венец Авашин-Басјан, како и на периферијата на пограничните турски области Дијарбакир и Ширнак.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Харкук и Зап се наоѓаат во северен Ирак, по должината на ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичката организација ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, како и во северниот дел на Ирак и Сирија.
Антитерористичките акции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правата на Турција засновани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.
Акциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичката закана.