Kübra Chohan
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
КОЊА (АА) - Турското државно обвинителство издаде налог за приведување на 124 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО која во јули 2016 година изврши обид за воен удар во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Налогот го издаде обвинителството во Коња кое води истрага против таканаречените имами на ФЕТО кои дејствувале во Турските вооружени сили.
Постапувајќи по налогот на обвинителството, турската полиција започна операција за приведување на осомничените лица во 31 турска област.
Терористичката организација ФЕТО во седумдесеттите години на минатиот век почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.