Tuğçenur Yılmaz
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција е клучна земја во повеќе области во Сирија, има и клучна позиција во сите процеси за Сирија, вклучувајќи ги Женева, Астана, Сочи и Мунбич, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во програма во живо на NTV, истакна дека Турција игра многу значајна улога во процесите во Женева и Сочи.
„Турција е локомотива во Астана, и моментално е и локомотива во работите на терен, вклучувајќи го и Мунбич. Турција е локомотива во насока на спречување судири и правење чекори за зголемување на довербата. Таа е локомотива во насока на хуманитарната помош. Всушност, моментално Турција е најклучната земја во насока на враќање на Сиријците, односно е клучна во секоја област околу Сирија“, додаде тој.
Истакнувајќи дека Турција е „плејмејкер“ во Сирија, Чавушоглу нагласи дека постигнатиот договор со САД за Мапата на патот во Мунбич не претставува закана за иднината на Сирија.
Шефот на турската дипломатија рече дека работите што се реализираат со Русија и Иран имаат за цел започнување преговори за политичко решение, ставајќи крај на судирите меѓу режимот и опозицијата, и собирајќи ги страните на една маса.
Од друга страна, турскиот министер нагласи дека САД ги информирале оти ФБИ во околу 20 американски сојузни држави започнала истрага против ФЕТО, и додаде дека тој бил информиран од страна на неговиот американски колега, Мајк Помпео.
„(Помпео) Го информираше нашиот амбасадор дека ФБИ во околу 20 сојузни држави започна истрага (против ФЕТО)“, рече тој.