Nazlı Yüzbaşıoğlu
27 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу вчера телефонски разговараше со рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во таа пригода упати сочувство за падот на рускиот авион во Црното Море.
Според дипломатски извори, Чавушоглу, кој престојува во Доха, телефонски го повика Лавров, при што упати сочувство за уривањето на рускиот авион и изрази жалење поради големата трагедија.
Воениот авион од типот Ту-154 падна кратко по полетувањето од Сочи, на пат кон Сирија. Во авионот се превезуваа 92 лица, од кои 68 беа музичари на ансамблот „Александров“, деветмина претставници на медиумите, шестмина војници и осуммина членови на екипажот.