Didar Yüsra Dilruba Öz
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во денешното соопштение на турската војска се вели дека петнаесет лица, меѓу кои 13 терористи на ДЕАШ и двајца сириски опозициски борци се убиени за време на вчерашните судири во подрачјето на сирискиот град Ал Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден опозициски борец е исто така повреден.
Според Турските вооружени сили, Умерената сириска опозиција, поддржана од турските сили во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ уништи 158 цели на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, командни и контролни центри и возила.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август, со цел да се расчисти северното сириско гранично подрачје од терористите. Денес операцијата влегува во 126. ден.
Од почетокот на операцијата, на 24 август, деактивирани се вкупно 42 мини и 2.387 импровизирани експлозивни направи.