Amina Zorniç
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Промотивниот филм „Дом на тиркизот“ е прогласен за најдобар промотивен филм во 2016 година од страна на Одборот за меѓународни туристички филмски фестивали (ЦИФФТ) и му беше доделена Гранд при награда, јавува Anadolu Agency (AA).
Концептуалниот промотивен филм „Дом на тиркизот“ (Home of Turquois) во Турција и во странство беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. Турција, во соработка со турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“.
Филмот е претставен преку маркетинг платформата „Тurkey home“ на Министерството за култура и туризам на Турција, социјални и дигитални медиумски канали, како и преку претставништва на советниците за култура и туризам при Министерствата за култура и туризам во различни држави.
Станува збор за видеозапис којшто на инспиративен и креативен начин на гледачите им претставува своевидно патување низ поимот тиркизно во Турција.
Овој спот за Министерството за култура и туризам на Р. Турција и „Туркиш ерлајнс“ го создаде режисерот Дагхан Џелаир.
„Мојата цел беше да ја доловам природата онаква каква што е, но од друга перспектива, да снимам промотивен туристички спот на поинаков начин, на кој досега се нема снимано. За да создадам филм за мојата татковина, се обидов да ги исполнам сништата и визијата за оваа земја, под надзор на два големи бренда, Министерство за култура и туризам и „Туркиш ерлајнс“, како клиенти. По неколку месеци работа, оваа креација го обиколи светот и беше видена во 45 земји, во сите медиуми. Тешко е да се создаде ваков авантуристички проект. Видовме многу лица на природата: грмотевици, бури, студенило, екстремна жештина, силен ветер, дождови, вители во подводни пештери. Не можеше сѐ да биде снимено за осум дена. По невремето научивме дека не треба да ја имаме природата за противник, туку да ги прифатиме можностите што таа ни ги дава. Восхитувачките тиркизни брегови нека го помрднат цврстото тло под вас и нека ве кренат високо во облаците, на едно патување што точно го доловува значењето на зборот „Turquoise“, истакна Џелаир.
Со цел да се постигне поголема гледаност на промотивниот спот во туристичкиот сектор, тој учествува во фестивалските турнеи на истакнати туристички филмови кои ги координира Одборот на меѓународни туристички филмски фестивали (ЦИФФТ).
Во 2016 година, промотивниот филм „Дом на тиркизот“ е претставен на натпреварувачкиот дел на меѓународни филмски фестивали на кои има освоено повеќе од 30 престижни награди во различни категории.
Наградата на ЦИФФТ за „Дом на тиркизот“ ќе биде врачена на свечена церемонија за доделување награди од 26. до 28. јануари следната година во Виена.