Emre Gürkan Abay,Hakan Ceyhan Aydoğan
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
МОСКВА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во обраќањето на состанокот на Советот за турско-руска соработка во Москва порача дека сите имаат важна задача за конечно да престане пролевањето на крвта во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со Путин разменив мислења во врска со Сирија и прашањето на борбата против тероризмот. Сите имаме важна задача да обезбедиме стабилност и престанување на пролевањето на крвта во Сирија", рече Ердоган во текот на состанокот со кој претседаваше токму тој и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Посебно внимание притоа посвети на борбата против тероризмот, посебно против милитантите на ДЕАШ.
„Многу е важно да имаме тесна соработка во областа на борбата против тероризмот. Решителен став кој го зазедовме против ДЕАШ во Сирија мора да го покажеме и против другите терористички организации", рече Ердоган.
Истакна дека би било корисно да се преземат чекори за да повторно се стави на дневен ред договорот за безвизен режим, потсетувајќи дека веќе се работи на одредени мерки во врска со ова прашање.
„Наша желба е во најкраток рок потполно да се воспостави безвизниот режим", рече Ердоган.
Путин во текот на состанокот нагласи дека Турција е еден од најважните трговски партнери на Русија.
„Двете земји нема да се задоволат само со надополнување на губитоците туку истовремено би можеле билатералните односи да ги издигнеме на повисоко ниво. Желбата на Москва оди во тој правец", рече рускиот лидер, изразувајќи надеж дека ќе бидат надминати негативните последици од минатата година во областа на трговијата со Турција.
Истакна дека постои значителен потенцијал за интензивирање на соработката помеѓу двете земји во областите како што се металургијата, автомобилската индустрија и агро-индустриските односи. Потсети и на соработката на двете земји на проектот за изградба на нуклеарната централа „Акују“ во Турција.
„Росатом го води проектот Акују кој ќе биде првата нуклеарна централа во Турција. Руските компании учествуваат и во проектите на модернизација на хидроелектраните во Турција. Поседуваме исто така капацитет да ја продлабочиме соработкатаи на полето на индустријата, автомобилската индустрија и земјоделството", рече Путин.
Нагласи исто така дека соработката на двете земји во областа на воената технологија зазема посебно место во односите на двете земји.
„Соработката во областа на воената технологија, контактите помеѓу безбедносните сили и разузнавачките служби и соработката во областа на борбата против тероризмот заземаат посебно место во односите на двете земји", истакна Путин.
На крајот рече дека за 2019. година е планирана меѓусебна организација на Годината на тероризмот и културата.