Mehmet Yavaş
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во градот Aјвачик во близина на турската провинција Чанаккале беа фатени 47 мигранти кои илегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кој ги доби АА, екипите на турската жандармеријата извршија акција на местото Aчидере, во близина на Aјвачик и фатија најмалку 47 луѓе, мигранти по потекло од Сирија, Авганистан, Конго, Мароко и Еритреја.
Мигрантите беа префрлени во локалниот Центар за враќање на странци.
Егејското и Средоземното Море се често се дел од рутата на мигранти во потрага по подобар живот. Сепак нивниот пат на надежта често резултира со смрт.
Во двете несреќи на Средоземното Море, меѓу Либија и Италија, што се случи кон крајот на декември минатата година загинаа околу 100 мигранти, со што бројот на жртвите во Средоземното Море, во 2016 година стана поголем од 5.000.
Претходно претставниците на Обединетите нации (ОН) ја прогласи 2016 година за најсмртоносна за мигрантите и потсети дека во 2015 година во Средоземното Море загинаа 3.771 мигранти.