Zuhal Demirci
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во официјана посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во рамките на посетата прво ќе се состане со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.
Германската канцеларка потоа ќе го посети Големото народно собрание на Турција (ТБММ), кое во текот на обидот за државен удар на 15. јули 2016. година беше мета на нападите на воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО.
Планирано е Меркел да се состане и со премиерот на Турција Бинали Јилдирим, со кој ќе разговара за решение за мигрантската криза.
Ова е прва посета на германската канцеларка на Турција по обидот за државен удар во Турција во јули минатата година.