Muhammed Enes Can,Murat Kaya
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата против ФЕТО, Обвинителството во Истанбул подигна две обвиненија против 235 полицајци за кои се бараат и до 15 години затвор поради „членство во вооружена терористичка организација“, јавува Anadolu Agency (AA).
Споменатите полицајци се уапсени поради користење на системот за тајно комуницирање, „БајЛок“.
И понатаму е во тек истрагата на Дирекцијата за борба против организираниот криминал и тероризмот при Јавното обвинителство во Истанбул, против припадниците на безбедносните сили што го користеле системот за тајно комуницирање.
Едното обвинение е подигнато против 86, а друго против 149 осомничени.
Во обвиненијата детално се наведуваат информации за структурите на ФЕТО, за учеството во активностите на споменатата терористичка организација и за системот за тајно комуницирање „БајЛок“.
За вкупно 235 осомничени поради „членство во вооружената терористичка организација“ се бараат казни меѓу 7,5 и 15 години затвор. Обвиненијата се испратени до Кривичниот суд во Истанбул.
Судот во рок од 15 дена би требало да ги потврди или да ги отфрли обвиненијата. Доколку бидат прифатени, осомничените наскоро ќе излезат пред суд.
Дел од полицајците против кои е подигнато обвинението се суспендирани од службата, а дел се отпуштени.