Sarp Özer
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (TSK) во воздушните операции против терористичката организација ПКК спроведени во саботата во северниот дел на Ирак неутрализираа десет терористи и уништија три магацини со оружје и четири засолништа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од КЗК соопштуваат дека е утврдено оти терористите во областите Зап и Синат-Хафтанин се подготвувале да извршат напад.
Во воздушната операција која потоа ја покренаа воздушните сили на Турција во Зап беа неутрализирани двајца, а на периферијата на Синат-Хафтанин осум припадници на терористичката организација.