Турција

Разговор Ердоган-Меркел: „Несогласувањата може да се решат сè додека постои фер пристап за Источен Медитеран“

Турскиот претседател нагласи дека европските земји, кога станува збор за Источен Медитеран, треба да бидат праведни и доследни

Ferdi Türkten  | 16.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
Разговор Ердоган-Меркел: „Несогласувањата може да се решат сè додека постои фер пристап за Источен Медитеран“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку видеолинк разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението на Директоратот за комуникации при турското Претседателство се вели дека разговарано е за турско-германските односи и за случувањата во регионот. Ердоган, осврнувајќи се на прашањето за Источниот Медитеран, истакна дека сè додека постои конструктивен пристап базиран на праведност, несогласувањата може да се решат преку дијалог.

Тој смета дека европските земји, кога станува збор за Источен Медитеран, треба да бидат праведни и доследни, и наведе дека Турција ќе продолжи да биде одлучна кога станува збор за нејзините права и водењето активна политика.

На состанокот присуствувале и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, шефот за разузнавачката служба Хакан Фидан, шефот на Дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин и шефот на Кабинетот Хасан Доган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.