Турција

Турција: Уште една мајка се придружи на протестите против ПКК во Дијарбакир

Партијата ХДП се товари за поврзаност со терористите на ПКК, а повеќе челници на партијата се обвинети за ширење терористичка пропаганда и за помош на терористите

Gözde Bayar  | 16.09.2020 - Обновена : 17.09.2020
Турција: Уште една мајка се придружи на протестите против ПКК во Дијарбакир Фото: Ömer Yasin Ergin/AA

ДИЈАРБАКИР (АА) - Мајка од турската источна област Адана денес се придружи на протестите што веќе една година се одржуваат пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП) во турскиот град Дијарбакир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ханифе Акјуз тврди дека нејзината ќерка, Сила, била киднапирана во 2014 година кога имала 16 години.

„Сила беше киднапирана од Народната демократска партија (ХДП), кога беше во Истанбул да ги посети нејзините роднини“, изјави таа.

Акјуз додаде дека отишла во канцеларијата на ХДП во подрачјето Бејоглу и дека ѝ рекле дека нејзината ќерка не била таму.

„Дојдов во зградата на ХДП во Дијарбакир, тие не ми ја покажаа ќерка ми, велејќи дека таа не сака да ме види“, вели таа.

Мајката изјави дека таа се жртвувала за нејзината ќерка да се образува и да има кариера, но нејзината ќерка била одведена во планините.

Таа ги видела протестите претходно на телевизија, но не можела да се придружи бидејќи имала бебе.

Акјуз ќе продолжи да учествува на протестите сè додека не се сретне повторно со нејзината ќерка и ја повика нејзината ќерка да се врати.

Протестот пред седиштето на ХДП во Дијарбакир започна на 3 септември минатата година, кога мајката Февзије Четинкаја започна мирен протест пред зградата на ХДП, а со неа тогаш беа сопругот Шахап и нивните четири деца. Потоа и Омер Т. и Ремзије А. дојдоа пред седиштето на ХДП и го поддржаа протестот на Четинкаја и нејзиното семејство, тврдејќи дека терористичката група ПКК ги киднапирала и нивните деца.

Партијата ХДП се товари за поврзаност со терористите на ПКК, а повеќе челници на партијата се обвинети за ширење терористичка пропаганда и за помош на терористите.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın