Турција

Турција: Приведени 16 лица со потекло од Ирак кои биле во комуникација со ДЕАШ

Како резултат на реализираната операција, приведени се 16 од вкупните 19 осомничени лица

Sertaç Bulur  | 17.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
Турција: Приведени 16 лица со потекло од Ирак кои биле во комуникација со ДЕАШ

АНКАРА

Во турскиот главен град Анкара приведени се 16 лица со потекло од Ирак кои биле во контакт со терористичката организација ДЕАШ и со конфликтните зони, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како резултат на координативната работа на Одделот за антитероризам и Одделот за разузнавање при Полициската дирекција во Анкара, откриени се 19 лица со потекло од Ирак за кои постојат разузнавачки информации дека имале контакт со терористичката организација ДЕАШ и со конфликтните зони.

Како резултат на реализираната операција, приведени се 16 од вкупните 19 осомничени лица.

Се вели дека во тек се операциите за фаќање на осомничените кои се во бегство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın