Ömer Hakan Kibar
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Под покровителство на турското Претседателство, подготвено е промотивно видео во времетраење од 1 минута во рамките на Светскиот мотокрос шампионат (MXGP), кој ќе се одржи во турскиот град Афјонкарахисар во периодот од 6 до 8 септември, кој опфаќа три светски и еден европски шампионат. Ова видео ќе можат да го проследат 3 милијарди луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Турската федерација за мотоцикли (TMF) се наведува дека во рамките на организацијата на натпреварите, подготвено е едноминутно видео за промоција, кое во живо или како снимка ќе биде пренесено од 57 медиумски институции и ќе биде презентирано на шест континенти.
Во рамките на Светскиот мотокрос шампионат, Афјонкарахисар истовремено ќе биде домаќин и на Светскиот мотокрос шампионат за жени (MXWomen), Светскиот мотокрос за млади (MX2) и Европскиот мотокрос шампионат (EMX 2T).
„Youthstream“, кој е сопственик на организацијата, авторските права за објава им ги додели на популарните спортски канали, како што се „Eurosport“, „beIN Sport“, „Sport TV“, „CBS Sports“, „Fox Sports“, RTL и „Motorsport TV“, со што љубителите на овој спорт во живо и како снимка ќе можат да ги следат натпреварувањата во 176 земји.
Со вклучувањето на Кина во оваа организација, меѓу медиумите кои ќе ги следат натпреварувањата е додадена и „Sina Sports“, најголемиот медиумски објавувач на спорт во Кина. Минатата година, благодарение на 56 медиумски куќи, мотокрос-натпреварувањата допреа до 1,8 милијарда љубители на овој спорт, додека, со додавањето на „Sina Sports“, се очекува натпреварувањето да биде следено од над 3,3 милијарди луѓе.
Афјонкарахисар и минатата година беше домаќин на ова натпреварување, а со додавањето и на брендот PR во работата на светски познати производители и брендови, минатата година за промоција на Турција беа обезбедени средства во висина од 245 милиони евра.
Оваа бројка, благодарение на потенцијалот на Кина, се очекува да достигне 200 милиони.