Gözde Bayar
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа 117 терористи во текот на антитерористичките операции низ земјата во месец август, изјави заменик-министерот за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските власти често го користат терминот „неутрализира“, кој ги опфаќа терористите кои се предале, кои се убиени или заробени.
Заменик-министерот, воедно и портпарол на турското Министерство за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, на месечниот брифинг соопшти дека во месец август неутрализирани се вкупно 117 терористи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.