Faruk Zorlu
04 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турција го изрази своето жалење поради ураганот Доријан, кој ги погоди Бахамите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја изразуваме нашата солидарност со Владата на Бахамите и нејзиниот народ за време на овој тежок период, изразуваме сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите животи во ураганот и им посакуваме побрзо оздравување на повредените“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, во вторникот изјави дека најмалку 5 лица загинале и 21 лице биле повредени на островите Абако, како резултат на ураганот.
„Ние сме среде историска трагедија низ делови во северниот дел на Бахамите“, изјави тој на Твитер.
Премиерот Минис имаше шанса да ги види последиците од ураганот Доријан при првото воздушно извидување на островите Абако.
„Делови од островот се уништени од ураганот Доријан. Има силни поплави, сериозни оштетувања на домовите, на деловните и на други згради, како и на инфраструктурата“, рече тој.
Ураганот, со брзина на ветрот од 295 километри на час, е еден од најмоќните урагани досега регистрирани во Атлантскиот Океан.