Турција

Портпаролот на МНР на Турција, Билгич, ја критикуваше ЕУ околу кипарското прашање

„Таквата изјава е уште еден доказ колку ЕУ е оддалечена од вистината во врска со прашањето на Кипар“, рече Билгич

Behlül Çetinkaya  | 21.07.2021 - Обновена : 22.07.2021
Портпаролот на МНР на Турција, Билгич, ја критикуваше ЕУ околу кипарското прашање

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Танжу Билгич, ја коментираше изјавата на високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, упатена по посетата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Турската Република Северен Кипар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Градот Мараш по 47 години делумно е отворен за јавноста во 2020 година, а челникот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, изјави дека оваа одлука е особено важна иницијатива што ќе овозможи враќање на поранешните жители и законски сопственици на имоти кои со години не можеле да отидат на своите имоти.

Борел изјави дека се неприфатливи зборовите на турскиот претседател Ердоган дека работата што е извршена околу имотните права во Мараш ги отвора вратите кон нова ера во корист на сите, и изрази загриженост.

„Таквата изјава е уште еден доказ колку ЕУ е оддалечена од вистината во врска со прашањето на Кипар“, изјави Билгич и додаде:

„Оваа изјава упатена особено со цел солидарност на ЕУ, и која за нас е неважечка, не оди понатаму од тоа да биде портпарол и заговорник на Грција и управата на кипарските Грци, кои го злоупотребуваат правото на вето во ЕУ. Со ваквиот став на ЕУ, не е можно ЕУ да игра каква било позитивна улога во решавањето на кипарското прашање.“

Тој истакна дека Турција дава потполна поддршка на одлуките на Турската Република Северен Кипар во врска со градот Мараш.

„Овие одлуки се насочени кон заштита на правата на сопствениците на имоти во Мараш. Како што изјави нашиот претседател на државата, овие одлуки нема да резултираат со нови обвиненија туку ќе ги отстранат старите.“

Билгич ја повика ЕУ да ја увиди реалноста на Кипар и да стави крај на политиката за игнорирање на кипарските Турци и нивните права.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın