Seda Sevencan
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АНКАРА
Турската полиција приведе 18 лица во Анкара во врска со наводите за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полицијата ги приведе осомничените, сите странски државјани, во истовремени антитерористички операции низ градот“, вели изворот, кој зборуваше под услов на анонимност.
„Полицијата ја продолжува истрагата по останатите осомничени лица“, се додава во соопштението.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.