Hasan Esen
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција Кати Пири рече дека терористичката организација ПКК, чии напади ги осудува треба да продолжи да се држи на ЕУ листата на терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Холандскиот социјалист член на ЕП Кати Пири, во неговата изјава за АА кажа дека во оваа фаза приоритет треба да и се даде на организацијата веднаш да го предаде оружјето.
Известувачот на ЕП за Турција Пири рече "ПКК е во листата на Европа на терористичките организации и не мислам дека е правилно да се отстрани од листата во време кога врши смртоносни напади".
Осудувајќи ја ПКК за неговото враќање во насилството и нејзините напади врз безбедносните сили и цивилите Пири рече дека "Барикадите и рововите се неприфатливи".
Пири укажа на важноста на поделбата на миротворни активности од насилство во едно демократско општество, и додаде дека во овој контекст, исто така е важно научниците, студентите, или било која група на граѓани да можат отворено без никакви ограничувања да ги искажат своите мислења во врска со случувањата во своите земји.
Кажувајќи дека како секоја земја и Турција има право да се бори против тероризмот, Пири потенцира дека безбедносните операции треба да бидат пропоционални, треба да бидат ориентирани кон одредена цел и дека треба да се вршат во согласност со стандардите за човековите права.
Кати Пири исто така рече дека за прашањето со Курдите не постои воено решение.
Пири, во нејзиниот говор на конференцијата ЕУ, Турција и Курдуте одржан на 27 Јануари во Европскиот Парламент, кажувајќи дека кога отишол во Дијарбакир видела барикади и ровови.
"Станува збор за масовно вооружување. Од каде доаѓат сите овие? Ова ме изненади мене. Ситуацијава треба да се земе како целина. Владата треба да молчи на оваа?"