Турција

Осомничен терорист на ПКК приведен во југоисточна Турција

Жандармериските тимови во подрачјето на Нусајбин, во областа Мардин, при контрола на патнен правец го фатија осомниченото лице, идентификувано со иницијали Х.О

Sena Güler  | 08.03.2021 - Обновена : 09.03.2021
Осомничен терорист на ПКК приведен во југоисточна Турција

МАРДИН (АА) - Осомничен терорист на ПКК е приведен во југоисточната Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Жандармериските тимови во подрачјето на Нусајбин, во областа Мардин, при контрола на патнен правец го фатија осомниченото лице, идентификувано со иницијали Х.О, соопштија безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни.

Осомниченото лице е барано поради членување во терористичката организација ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın