Buğrahan Ayhan
22 Март 2024•Ажурирај: 23 Март 2024
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка агенција (МИТ) на Туркије во сириската област Камишли го неутрализираше Халил Текин, еден од т.н. водачи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кој се наоѓаше на зелената листа на барани поради тероризам, известува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, откриени се активности и контакти на терористот Текин, со кодно име Сејдо Код, следен од МИТ. Во акцијата изведена во сириски Камишли тој е успешно неутрализиран.
Во 2007 година Текин ѝ се приклучил на терористичката организација ПКК/ЈПГ и спроведувал терористички активности во Сирија и Ирак. Неговиот татко Ибрахим Текин, кој бил член на терористичката организација, неутрализиран е во акција на Турските вооружени сили во 1992 година.
ПКК е сепаратистичка и терористичка организација што се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и САД. Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.