Турција

Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ПКК во Северен Ирак

- Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак од каде планираат прекугранични напади во Туркије.

Serdar Dincel  | 22.03.2024 - Обновена : 23.03.2024
Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ПКК во Северен Ирак

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили „неутрализираа“ четворица терористи во северниот ирачки регион Кандил, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Анадолу.

„Нашите операции ќе продолжат непречено“, соопшти Министерството на социјалната мрежа X.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.