Sarp Özer
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за национална одбрана на Туркије (Турција), Хулуси Акар, се сретна со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Акар во павилјонот Календер се сретна со Шојгу, кој дојде во Истанбул на церемонијата на потпишување на договорот за испорака на жито, кој произлезе со напорите вложени на Турција.
На средбата на која се разговараше за билатерални и регионални одбранбени и безбедносни прашања, министерот Акар уште еднаш ја нагласи потребата од итен прекин на огнот во Украина и му се заблагодари на Шојгу за неговиот придонес во безбедното испраќање на житото и прехранбените материјали.