Gözde Bayar
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш во Истанбул денес е потпишан документ за извоз на украинското жито, меѓу Украина, Русија, Туркије и ОН, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тони украинско жито беа блокирани поради руско-украинската војна што започна во февруари, што предизвика недостиг во светот и раст на цените.
Русија, обвинета дека ја користи храната како оружје, смета дека за кризата треба да се обвинат санкциите воведени од Западот.
Турски, украински, руски и официјални претставници на ОН минатата недела постигнаа согласност за формирање на координативен центар во Истанбул кој ќе го менаџира извозот на украинското жито.