Vesna Besic
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во подрачјето на античкиот град Бландус во турскиот Ушак е забележана неверојатна глетка на метеорскиот дожд Персеида, што претставува најспектакуларниот метеорски дожд што се случува секоја година во месеците јули и август, јавува Anadolu Agency (AA).
Спектакуларниот дожд на метеори Персеида, кој синоќа го осветли небото, беше видлив над турскиот град Ушак.
Персеидите кои претставуваат метеорски рој чиј радијант-привиден извор се наоѓа во соѕвездието Персеј, претставува еден од најубавите и најактивните дождови на метеори во текот на годината, што се видливи од Земјиното тло.
Метеорскиот рој трае последните две децении, но својот најголем интензитет го достигнува на 12 август, кога Земјата на својата орбита поминува низ облак од честички како резултат на распаѓањето на кометите.
Љубителите на универзумот и ѕвездите токму таа ноќ, набњудувајќи го небото од планинските висини, беа сведоци на необичните небесни глетки. Некои научници предвидуваат дека овогодинешниот метеорски дожд Персеида може да биде најубавиот во последните дваесет години.