Fatih Hafız Mehmet
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во две одделни акции на турската авијација денес беа неутрализирани шестмина терористи на ПКК, соопштија официјални извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во акцијата на турските воздухопловни сили во областа Хакќари, во југоисточниот дел на земјата беа неутрализирани тројца терористи на ПКК, објави Генералштабот на турската војска.
Во областа Сирт беа неутрализирани уште тројца терористи во координирана акција на воздухопловните сили и жандармеријата.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Европската Унија, Турција и во САД.