Bedrudin Brljavac
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
АНКАРА (АА) - „Не заборавивме и нема да ги заборавиме оние кои го планираа, извршија, одобруваа, молчеа и го прикриваа геноцидот во Сребреница“, порача Ибрахим Калин, портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Убиството на едно невино лице е како убиство на целото човештво. Не заборавивме и нема да ги заборавиме оние кои го планираа, извршија, одобруваа, молчеа и го прикриваа геноцидот во Сребреница. Со милост се присетуваме на нашите босански шехиди, а на нивните семејства им изразуваме сочувство“, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер по повод 27-годишнината од геноцидот во Сребреница.
Денеска со колективен погреб и закопување на посмртните останки, на вечен мир ќе бидат испратени 50 жртви на геноцидот.
На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се закопани 6.671 жртва од геноцидот кој тогашната војска на Република Српска (РС), паравоени и полициски формации од Србија и РС под команда на воениот злосторник Ратко Младиќ го извршила над Бошњаците во Сребреница во 1995 година.