Турција

„Во Сребреница е извршено најсрамното злосторство пред очите на целиот свет"

„Тоа е најсрамно воено злосторство извршено пред очите на светот на тлото на Европа по Втората светска војна, воедно и најголемата црна дамка во историјата", рече Ѓунеш

Ali Kemal Akan  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
„Во Сребреница е извршено најсрамното злосторство пред очите на целиот свет"

АНКАРА

Пратеникот на Партијата на правда и развој (АК Партија) во турскиот палрамент Нијази Ѓунеш, говорејќи по повод 25 годишнината од геноцидот во Сребреница, порача дека тоа е најсрамното воено злосторство извршено пред очите на светот на тлото на Европа по Втората светска војна, воедно и најголемата црна дамка во историјата на човештвото, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ѓунеш говореше на конференција за новинарите во Парламентот на Република Турција, а во таа пригода рече дека српските сили по распадот на Југославија ја нападнале Босна и Херцеговина со цел окупирање на територијата на таа земја.

Тој рече дека во текот на воените случувања ширум БиХ се извршени безброј злосторства и дека масакрот во Сребреница е еден од најболните моменти во текот на војната во БиХ, но и во историјата на човештвото.

Ѓунеш порача дека холандските војници, кои беа задолжени за безбедност во Сребреница, се повлекоа од тоа подрачје и практично беа средство на српските сили за злосторствата кои следуваа.

„Тоа е најсрамно воено злосторство извршено пред очите на светот на тлото на Европа по Втората светска војна, воедно и најголемата црна дамка во историјата. Среде Евопа, нашите босански браќана своето огниште беа изложени на масакри само затоа што се муслимани", рече Ѓунеш и додаде:

„Прогоните, колењата и насилството над муслиманите во Босна, од кои целото човештво би требало да се срами, длабоко го вознемиија турскиот народ. Масакрите во Сребреница ќе останат засекогаш како рана во нашите срца", рече Ѓунеш.

Напомена дека сеуште постојат неоткриени масовни гробници и дека голем број семејства сеуште трагаат за остатоците на своите најмили за да ги погребаат и на тој начин да имаа место каде за своите сакани ќе упатат молитви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın