АНКАРА (АА) - МЕТИН МУТАНОГЛУ -
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека отворањето на Ајасофија за молитва ништо не одзема од нејзиниот статус на историско светско наследство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Калин во интервју за Агенција Анадолија (АА) говореше за актуелни теми.
Запрашан околу договорот постигнат меѓу Турција и Русија во врска со северниот дел на Сирија, и дека дали има некои проблеми во заедничките патроли, Калин рече: „Моментално продолжуваат заедничките патроли во рамки на примирјето во Идлиб постигнат на 5 март од страна на нашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган) и почитуваниот (руски претседател Владимир) Путин. Примирјето се спроведува во голема мера. Но, одвреме навреме се забележани прекршувања на режимот“.
Портпаролот на турското Претседателство нагласи дека во извештајот на Комисијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) се наведува дека „режимот изврши воено злосторство преку напаѓање на цивилите во Идлиб“.
„Тоа е нешто што од самиот почеток го кажувавме. Режимот се обиде да освои позиција преку казнување на цивилите. За тоа безмилосно употребија барелни бомби, употребија хемиски оружја. Беа извршени колективни убиства и имаше колективни гробници. Таму се случи голема хуманитарна драма. Проблемот не е целосно решен, но делумно е ставен под контрола. Можеме да кажеме дека особено во Идлиб владее делумно спокојство, но нашето очекување и апел кој го повтори и нашиот претседател на трилатерланиот самит во Астана, е Идлиб да се прогласи безбедносна зона и да биде третиран на овој начин. Спротивно, на долг рок не е можно да ги држите 3-3,5 милиони лица кои се заглавени во Идлиб“, додаде Калин.
Тој истакна дека терористичките организации ПЈД и ЈПГ кои се ограноци на терористичката организација во Сирија, ги продолжуваат нивните терористички активности, и дека вршат различни терористички активности во Африн, Тел Рифат, и источниот дел на Ефурат каде ги напаѓаат цивилите.
Според него, не е можно Турција да го дозволи тоа.
„Одлучно ќе ја продолжиме нашата борба против нив. Нашите војници реализираат интензивни активности за осигурување на спокојството во источниот дел на Еуфрат. Овие активности ќе продолжат на ист начин без да се случи некој прекин“, рече тој.
Калин нагласи дека за постигнување конечно решение за сириското прашање потребно е во рамки на резолуцијата 2254 на ОН да се формира преодна влада, да се одржат избори и да се изгради легитимна политичка структура која ќе го претставува секого во Сирија. Според Калин, јасно е дека тоа не може да се стори од страна на Асадовиот режим.
- „Во Сирија треба да се создаде уставна основа“
Запрашан дали очекуваат нов процес во оваа насока, Калин одговори: „Тоа што треба да се направи во Сирија е во рамки на резолуцијата 2254 на ОН да се унапредува политичкиот процес, да се комплетираат работите на Уставниот комитет. Следниот состанок ќе се одржи во август и важно е резултатот кој ќе прозилезе од таму да биде обврзувачки за сите. Работите на Устанвиот комитет не треба да траат со години“.
Портпаролот на турското Претседателство рече дека тоа треба да биде конечен датум. „Режимот досега направи се за да ја саботира работата на Уставниот комитет. Бидејќи тој знае или мисли дека обврзувачкиот текст кој ќе излезе од таму нема да биде во негова корист. Затоа, работите на Уставниот комитет одат многу споро. Овие работи треба веднаш да се финализираат и треба да се создаде уставна основа во Сирија која ќе го унапредува политичкиот процес. Треба да запрат судирите и мигрантите треба да се вратат во своите домови на безбеден и чесен начин. Затоа, поради пандемијата веќе 3-4 месеци фокусот е пренасочен кон друга страна. Но, основните теми во сириското прашање остануваат нерешени“, рече Калин.
- „Треба да се покаже отворен и јасен став“
Во врска со израелскиот план за анектирање на дел од Западниот Брег, тој нагласи дека овој план за анекција е нелегитимен, противзаконит и дека е чекор за нова окупација и грабеж.
Калин рече дека тоа остро го одбиваат и дека продолжуваат да ја повикуваат меѓународната заедница да го отфрли овој план за анексија.
„Како што меѓународната заедница покажа големо единство и голема солидарност во врска Кудс, исто и сега треба да ја покаже истата солидарност против планот за анексија. Арапските земји и Арапската лига, пред се Организацијата за исламска соработка, како и ОН, Европската унија (ЕУ), Квартетот за Блискиот Исток како и сите други надлежни организации треба да покажат многу отворен и јасен став во оваа насока“, нагласи Калин.
Според него, политиките за окупација и анексија до денес се повеќе ја усложуваат палестинското прашање, и дека се уништени сите можности за мир, дводржавно решение, политичка стабилност и општествено спокојство. Тој рече дека планот за анексија уште повеќе ќе ја продлабочува оваа криза.
„Нетанјаху е политичар кој од самиот почеток вели дека не верува во дводржавното решение. Дури тоа стана главната линија на партијата Ликуд во израелската политика“, рече тој, и додаде:
„Најпрвин против тоа со силен глас треба да се спротивстават различни структури во САД кои велат дека веруваат во дводржавно решение, членовите на Ккогнресот како и еврејската заедница. Ватикан треба да се спротивстави на тоа. Тие територии во исто време ги интересираат и христијаните кои живеат таму, го заинтересира Ватикан и директно ги заинтересира арапските земји, од нив треба да излезе поголем глас. Кога оваа одлука беше соопштена, нашиот претседател оствари телефонски разговор со голем број арапски лидери и лидери од западниот свет. Нашиот претседател во разговорите со повеќе лидери како Трамп, Путин, Махмуд Абаз, кралот на Јордан, јасно и отворено истакна дека тоа јасно го одбиваме. Нашиот став во оваа насока е исклучително јасен. Тоа е нов чекор и нова политика на окупација и грабеж, тоа е игра и никој не треба да падне на оваа игра. Тоа што ќе го запре Израел е да се заземе поиздржлив, поефективен и посилен став од страна на меѓународната заедница, ОН, Квартетот за Блискиот Исток, ЕУ. Ако ја игнорираме оваа неправда и ова разбојништв, тогаш во иднина би ја отвориле вратата на други катастрофи на Средниот Исток“.
- „Ставот на арапскиот свет не го сметам за доволен“
Калин подвлече дека Израел од 1947 година досега метар по метар ја окупира територијата на Палестина, и нагласи: „Како што знаете, нашиот претседател во ОН покажа една мапа на која е наведна како територијата на Палестина од 1947 година досега се уништува и окупира од страна на Израел. Таа мапа сеуште стои. За жал, доколку ќе се спроведе оваа политика на анекција, тогаш ќе ја имаме и петтата мапа до другите, каде беа вкупно четири мапи. На оваа петта мапа Палестина речиси ќе остане во средина. Затоа, за мирот и спокојството на Средниот Исток, не може да го дозволиме тоа“.
Според Калин, Израел како што направи во Кудс (Ерусалим), исто и тука ќе игра со оган, и ќе следи деструктивна политика, упатувајќи апел до Израел веднаш да се откаже од тоа.
Тој нагласи дека сите земји кои имаат влијание врз Израел, пред се САД, треба да покажат отворен и јасен став во оваа насока.
Запрашан дали смета дека ставот на арапскиот свет е доволен, Калин истакна: „Не сметам дека е доволен. Особено ставот на арапскиот свет не го сметам за доволен. Во Организацијата за исламска соработка има земји кои покажуваат многу јасен став во оваа насока. Но, не можеме да кажеме дека и овој став е доволен. Треба да излезе поголем глас. Особено Арапската лига наместо да носи одлуки против Турција, пред се, треба да се фокусира во овие прашања“.
- Тврдења за да се фрли сенка врз активната надворешна политика на Турција
Во врска со прашањето „Велат дека постои една реторика дека надворешната политика на Турција, особено нејзината регионална политика е основана врз Ихван и нео-османизмот, и дека тоа е центарот. Дали навистина нашата политика е таква. Кои се основните критериуми на регионалната политика на Турција? Дали ние одиме по Ихван, дали нашата цел е нео-османизмот, дали сакаме да создадеме нов османлиски ефект, кои се нашите критериуми за надворешна политика?“, Калин одговори:
„Ова се некои неосновани тврдења направени за да се фрли сенка врз активната надворешна политика на Турција. Никаде не можат да покажат конкретен пример за тоа“.
Калин истакна дека по соборувањето на Хусни Мобарак во Египет, Турција соработувала со тие страни кои се наоѓале на чело на државата на легитимен начин, како и во Турнис соработувала со тие страни кои се дошле на чело на држава по изборите.
Според него, Турција се обидела да соработува со сите легитимни актери во Либија без да направи разлика со цел да се осигура политичка стабилност.
„Исти примери можеме да даваме и за земјите од Заливот, за Ирак, како и за другите земји. По започнување на војната во Сирија, Турција таму го поддржа сирискиот народ. Асадовиот режим изврши напади без да прави разлика дали се сунити, курди, арапи, туркмени, додека Турција ги отвори своите врати за сите кои беа изложени на суровост без да направи некоја разлика“, рече Калин, додавајќи дека реториките како ислам, исламизам, исламски движења, исламски партии, браќа муслимани, во последниот период се користат секаде како инструмент.
- „Ние немаме замисла во териториите на другите“
Запрашан „Зошто се користи оваа реторика? Што сака Турција, кои се вашите визии за иднината на земјите од регионот, зошто сте толку проактивни во регионот?“, Калин одговори:
„Турција нема да има проблем со режим кој не врши суровост врз својот народ. Но, ако еден режим го бомбардира својот народ, употребува хемиско оружје, Турција ќе биде против него без разлика на неговиот идентитет, етничка припадност, и политички идентитет. Тоа е нашиот најосновна човечка, морална и политичка задача“.
„Исламскиот свет всушност не мора да биде сиромашен свет. Многу важен дел на природните богатсва на светот се наоѓаат во регионот на Средниот Исток“, рече Калин, и нагласи: „Во исламскиот свет има војни, конфликти, кризи, слаби држави, лоши администратии поради што нема моќно лидерство, како и паметна и претпазлива политички визија и единство.“.
Калин рече дека како што исламскиот свет во едно време беше цивилизација на културата која фрлаше светло на светот, верува дека и во 21. век е можно исламскиот свет повторно да ги поседува овие карактеристики.
„Исламските земји можат да бидат во подобри позиции во повеќе области како науката, културата, уметноста, образованието, технологијата, инфраструктурата, надворешната политика и безбедноста. Мирот во овие места ќе даде придонес во мирот и спокојството на светот“, додаде тој.
„Без да бидеме сите безбедни, никој од нас не е безбеден. Ако нешто што го посакуваме за себеси, не го посакуваме и за другите, тогаш не можете да водите искрена, доследна и чесна надворешна политика. Ние како што посакуваме развој, правда, праведно споделување, безбедност и спокојство за Турција, истото го посакуваме и за соседните земји и земјите од регионот. Затоа, ние немаме замисла во териториите на другите“, истакна Калин.
- Ајасофија
Во врска со прашањето „Моментално на државниот совет постои процес во врска со Ајасофја. Но, од една страна имаше изјава од САД, а од друга страна од Грција во врска со Ајасофија. Како ги сметате овие изјави? Во наредните денови што ќе видиме во врска со Ајасофија?“, Калин одговори дека веќе долги години на нивна агенда е претворањето на Ајасофија во џамија.
Калин потсети дека постојат критики во насока дека ако Ајасофија ќе се претвори во џамија, ќе се уништи нејзиниот идентитет како светство наследство.
„Овие земји кои ги спомнавте имаа критики или изјави во оваа насока. Но, ние тоа не го гледаме така. Сите наши султански џамии како џамиите Султанахмет, Фатих и Сулејманје во Истанбул, како и другите џамии се отворени и за молитва и за посета. Таму може да влезат и туристи, и да ги посетат во рамки на одредени часови и правила. За посетување на овие места од страна на странски или домашни туристи, не е потребно овие места да бидат музеи. Пример за ова е Нотр Дам во Париз. Тоа е и музеј и црква. За време на литургии христијаните ги вршат обредите. Во други времиња туристите го посетуваат него. Исто во Париз се наоѓа црквата Сакре кер. Нема пречка за тоа. Отворањето на Ајасофија за молитва не е пречка за домашните и странските туристи да ја посетат. Историјата на ова место започнала како црква, потоа продолжила како џамија, а потоа како музеј. Статусот 'музеј' е најдалечен статус од вистинскиот идентите на Ајасофија. Таа е изградена како храм, потоа била претворена во џамија и над 500 години било така“, истакна Калин.
„Отворањето на Ајасофија за молитва ништо не одзема од нејзиниот статус на историско светско наследство. Повеќе луѓе ќе може да влегуваат во неа и да ја посетат. Како нашите предци ги заштитиле христијанските икони во неа, така и понатаму ќе бидат заштитени. Повторно може да се отвори за посета. Може да се вршат работи во оваа насока“, додаде тој.
Што се однесува до прашањето „Ако ќе се смета како став од Европа; претворањето во џамија на едно место чиј вистински идентитет е црква, предизвикува перцепција дека турската Влада не покажува толеранција кон религиите. Знаеме дека вашата влада има различни работи како отворањето на црквата во Акдамар, повторното активирање на манастирот Сумела, отворањето на Железната црква во Истанбул. Дали Турција ќе може да се соочи со критиките кои може да бидат направени во оваа насока?“, Калин одговори:
„Нашиот претседател неодамна имаше важна изјава во врска со оваа тема, кој рече: 'Можеби нашите граѓани не знаат но денес во Турција активно функционираат над 400 цркви и синагоги'. Доколку турската држава или турскиот народ би имале угнетувачки и негирачки став кон малцинствата кои не се муслимани, тогаш нема да имавме мали но активни христијански и еврејски заедници во Турција. Ако толку цркви и синагоги вршат активности, тоа е поради што и државата и народот тоа го прифаќа на мировен начин. Тие се дел од нашето општество и стотици години биле така. Ние со нив живееме заедно, во Истанбул, во Мардин, и ќе продолжиме да живееме заедно.
Ние немаме потреба од интервенцијата и посредството на другите. Јас со христијански и еврејски државјани на Турција зборувам како рамноправен граѓанин, ги третирам нашите прашања. Ние немаме потреба од посредството на другите. Нашиот претседател е лидер кој во последните години го покажа најголемото визионерско лидерство. Не ме прашувајте мене за тоа, прашајте ги претставниците на христијанските и еврејските заедници, тие ќе ви објаснат. Кога се работи за исполнување на верските потреби на овие заедници, отворањето и заштитата на храмовите, издавањето на државјанство за да се задоволи потребата за свештенство во верските совети, како и за враќањето на конфискуваните недвижности во минатото, Турција навистина постигна напредок за пофалба во последните 10-15 години. Напревени се чекори кои придонесуваат во верскиот плурализам, мирот и стабилноста, и направени се историски чекори. Кога гледате, можам лесно да кажам дека нашата немуслиманска заедница е задоволна со политиките и практиките на државата, но не се задоволни од таквите интервенции од надвор“.
news_share_descriptionsubscription_contact
