Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 190.390

Во последните 24 часа починаа уште 18 лицa како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 2.879 пациенти

Burcu Çalık Göçümlü  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 190.390

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 190.390, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 50.103 тестирања за Ковид-19, од кои 1.024 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 18 лицa како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 2.879 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 3.832.623 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 209.962 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.300 лица.

На интензивна нега се наоѓа 1.179 лицa, 399 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 190.390 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„Растот во бројот на пациенти на интензивна нега е забавен. Бројот на интубирани пациенти се намали за 7 лица. Бројот на излекувани пациенти е двојно поголем од бројот на нови случаи. Продолжува малиот пад во бројот на откриените случаи врз основа на растот во почитувањето на дистанцата и носењето маски“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın