свет, Коронавирус

Италија донесе забрана за влез на патници од 13 земји, меѓу кои и од Северна Македонија

Италија донесе забрана за влез и транзитен премин на патници од 13 земји поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19). Меѓу 13-те земји е и Северна Македонија

Barış Seçkin  | 09.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Италија донесе забрана за влез на патници од 13 земји, меѓу кои и од Северна Македонија

РИМ

Италија донесе забрана за влез и транзитен премин на патници од 13 земји поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19). Меѓу 13-те земји е и Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Италија се нагласува дека донесена е забрана за влез во Италија и транзитен премин преку оваа земја за патниците кои во последните 14 дена доаѓаат или транзитно преминуваат од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перку и Демониканска Република.

Исто така, сите летови од и во овие земји се запрени се додека да се обезбеди здравствена заштита од соодветно ниво.

Во Италија досега починаа 34.926 лица поради Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.