Франција: Бројот на починати лица поради Ковид-19 се искачи на 29.979
Потврдени се уште 621 нов случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 205.246
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.979 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 621 нов случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 205.246.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 14 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 29.979.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 7.177 лица, од кои 512 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 174 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 78.170.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.