Балкан, Коронавирус

Црна Гора: Регистрирани 59 нови случаи на Ковид-19

Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се пријавени уште два смртни случаи од коронавирусот (Ковид-19)

Samir Kajoševic  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Црна Гора: Регистрирани 59 нови случаи на Ковид-19

ПОДГОРИЦА

Во Црна Гора се регистрирани 59 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека се анализирани 565 примероци од кои 59 се биле позитивни на Ковид-19.

„Меѓу позитивните беше и примерок на лице кое во текот на вчерашниот ден почина и кај кое се сомневаше дека смртниот исход настанал како последица на новиот коронавирус. Исто така, пријавена е смрт кај уште едно лице кое е лекувано во Беране. Починатите лица се од Гусиње и Рожаје. Вкупната бројка на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од ковид-19 изнесува 10", соопштија од Институтот.

Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани вкупно 695 случаи на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın