Балкан

Поточари: Семејствата се простуваат од жртвите од геноцидот во Сребреница

На 25. годишнина од геноцидот во Сребреница во Меморијалниот центар ќе бидат погребани 9 жртви

Vesna Besic  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Поточари: Семејствата се простуваат од жртвите од геноцидот во Сребреница Foto: Samir Jordamović - Anadolu Agency

ПОТОЧАРИ

Пчачот одѕвонува во салата на поранешната Фабрика на акумулатори во комплексот на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари каде се наоѓаат зелените ковчези на 9 жртви на геноцидот извршен во летото 1995 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мајките, сестрите, ќерките, татковците и браќата ги милуваат ковчезите во кои се наоѓаат посмртните остатоци на машките лица од Сребреница кои во јули пред 25 години плански ги убиваа воените, паравоените и полициските формации од Република Српска и Србија.

Тешок е секој збор кој низ солзи го кажуваат, тешка е секоја нивна приказна за нивната трагедија.

Сеад, Алија, Хасан, Хасиб, Зухдија, Бајро, Ибрахим, Салко и Кемал се наредени еден до друг. Сведочат за најголемото масовно страдање на тлото на Европа од Втората светска војна, геноцидот во Сребреница во јули 1995 година.

Хасиба, сопруга на Кемал Мусиќ кој ќе биде погребан на 11 јули, го милува зелениот ковчег додека се простува од сопругот кој е убиен во сребреничкиот геноцид.

Исчезна на 11 јули во 1995 година на подрачјето на Братунац, а неговите посмртни остатоци од 1999 година се ексхумирани од две масовни гробници на подрачјето на Козлук и Зворник. Официјално е идентификуван во 2006 година, но семејството дури денес, 14 години подоцна, се одлучи за погребување.

„Ова ми е сопруг. Пронајден е во Чанчари и Козлук", раскажува низ солзи Хасиба.

Ќе биде погребано некомплетно тело. Хасиба ја боли тажната судбина на сопругот и се сеќава на сето тоа како вчера да било.

„Како вчера да беше, тешко е. Го погребав деверот", додаде Хасиба.

На 25. годишнина од геноцидот во Сребреница на гробиштата во Меморијалниот центар ќе бидат погребани вкупно 9 жртви.

Салко Ибишевиќ е најмладата жртва која оваа година ќе биде погребана во Меморијалниот центар. Имал само 23 години кога е убиен. Неговите посмртни остатоци се пронајдени во секундарната масовна гробница Љипље, во општина Зворник во 2001 година.

Највозрасната жртва која ќе биде погребана е Хасан Пезиќ од местото Пустоше кај Власеница. Тој имал 70 години кога е убиен, а исчезнал во 1995 година, на подрачјето на Козлук. Неговото тело е ексхумирано од масовна гробница во Козлук 1999. година.

Во Меморијалниот центар Поточари оваа година ќе бидат погребани: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривачи, Алија (Бекто) Суљиќ, роден 1969 година во Познановиќи, Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше, Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина, Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба, Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Вољавица, Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година, Салко (Ахмо) Ибишевиќ роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ роден во 1968 година во Глогова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.