Балкан

Мајките од Сребреница ги предвода учесниците на „Маршот за мир“ влегувајќи во Поточари

Учесниците на овогодишниот „Марш за мир“ во Меморијалниот центар ги предводеа мајките од Сребреница. На чело на колоната претходните денови беа преживеаните од јули 1995 година.

Vesna Besic  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Мајките од Сребреница ги предвода учесниците на „Маршот за мир“ влегувајќи во Поточари

ПОТОЧАРИ

Учесниците на „Маршот за мир“ пристигнаа по тридневното пешачење во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, за да присуствуваат на 25-годишнина од геноцидот извршен во јули 1995 година во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).

Учесниците на овогодишниот „Марш за мир“ во Меморијалниот центар ги предводеа мајките од Сребреница. На чело на колоната претходните денови беа преживеаните од јули 1995 година.

Денес на „Маршот за мирот“ им се придружија претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и амбасадорот на Република Турција во БиХ, Халдун Коч.

Овогодинешниот „Марш за мир“, 16-ти по ред, беше организиран во специфични услови заради пандемијата на Ковид-19. Во рамките на превентивните мерки против коронавирусот, групите беа организирани со помалку од 50 учесници.

„Маршот за мир“ за преживеаните симболизира зачувување на сеќавањата и спречување геноцид во Сребреница.

Во вкупна должина од речиси 100 километри, сите претходни години, вклучително и оваа, Маршот го водат преживеаните од Сребреница кои истиот тој пат, само во спротивна насока, го преминале во 1995 година, бегајќи од сигурна смрт. Голем број на граѓани на БиХ, но и од многу други земји во светот, од година во година им се придружуваат на преживеаните Сребреничани во Маршот на мир.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.