Zlatan Kapic
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
САРАЕВО (АА) - Во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари на 11 јули ќе бидат погребани осум жртви од геноцидот извршен над Бошњаците во 1995 година во Сребреница, тогаш заштитена зона на Обединетите нации (ОН), јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмладата жртва е Салко Ибишевиќ, роден 1972 година, кој во време на геноцидот во Сребреница имал 23 години.
Најстарата жртва што ќе биде погребана оваа година во Поточари е Хасан Пезиќ, роден во 1925 година. Во време на геноцидот имал 70 години.
На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреица - Поточари досега се закопани 6.643 жртви на геноцидот, а се трага по над 1.000 исчезнати жители на Сребреница.
Досега на гробиштата во Меморијалниот центар во Поточари погребани се 432 малолетници и 26 жени. Од тој број, 19 се жени жртви на геноцидот, а останатите починале во текот на 1992 година.
Посмртните останки на жртвите на геноцидот се пронајдени на околу 570 различни локации.
Најмладата досега закопана жртва во Поточари е новороденчето Фатима Мухиќ, а најстарата жртва е Шаха Измирлиќ, родена во 1901 година.