Zlatan Kapic
01 Август 2025•Ажурирај: 03 Август 2025
САРАЕВО (АА) - Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја потврди првостепената пресуда за претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, изјави денес адвокатот Горан Бубиќ за РТРС, пренесува Анадолу.
Бубиќ истакна дека од Судот на БиХ го информирале по телефон дека жалбите и на одбраната и на Обвинителството на Босна и Херцеговина се одбиени и дека првостепената пресуда е потврдена во целост.
Додик со првостепена пресуда е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит. Иако најавуваше дека нема да се жали на оваа одлука, „бидејќи не го признава Судот“, неговиот правен тим сепак поднесе жалба.