Miraç Kaya
08 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
БАЛИКЕСИР
Донесена е одлука за приведување на 54 осомничени лица во рамките на истрагата спроведена против тајното воено структурирање на терористичката организација ФЕТО во 38 области во Турција, во чии рамки досега се приведени 39 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се истакнува дека истрагата е спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство во турската област Баликесир.
Во рамките на оваа истрага донесена е одлука за фаќање на 54 осомничени, од кои 36 се во активна воена служба, 2 се пензионирани и 16 се отстранети од работа.
Тимовите од Одделот за борба против тероризмот при градската полициска дирекција од утринските часови вршат истовремени операции на адресите на осомничените лица. Операциите се во тек.
Според соопштеното, во рамки на операциите приведени се 39 осомничени лица, а продолжуваат операциите за фаќање на останатите лица за кои е донесена одлука за приведување.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.