Muhammed Enes Can
03 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО, во Албанија е фатен Харун Челик кој потоа е депортиран во Турција. Обвинетиот Челик е приведен под обвинение за „членство во вооружена терористичка организација“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Завршени се операциите за осомничениот Харун Челик кој беше изведен пред Кривичниот суд во рамките на истрагата водека од Бирото за борба против тероризам и организиран криминал како дел од Главното јавно обвинителство на Истанбул кој побара на осомничениот да му биде досуден притвор.
Истанбулскиот Кривичен суд му одреди притвор на осомничениот Челик под обвинение за „членство во вооружена терористичка организација“
Според наводите на турското обвинителство базирано врз искази на сведоштвото на покајници, Челик ги врбувал турските војници со цел да ги зачлени во редовите на терористичката организација ФЕТО.
За Челик беше распишана потерница откако е утврдено дека ја користел апликацијата Бајлок (ByLock), систем за шифрирана комуникација меѓу членовите на ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.