Admir Fazlagic
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) – Судската постапка која ја покрена весникот „Заман Македонија”, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, против подружницата на Anadolu Agency (Анадолу Ажанси) во Скопје, заврши во полза на Anadolu Agency (AA).
Добиена е официјална потврда од страна на Основниот граѓански суд Скопје, во врска со тужбата на весникот „Заман Македонија” против подружницата на Anadolu Ajansı во Скопје поради објавување на веста на македонски јазик на www.aa.com.tr/mk во 2016 година, насловена „Структурирањето на ФЕТО на Балканот”.
Судот тужбеното барање на „Заман Македонија” со кое се бара финансиски надомест со тврдење дека „подружницата на Аnadolu Ajansı во Скопје во оваа вест сторила клевета и со тоа го нарушила нивниот углед” го одби како неосновано. Одлуката на судот е правосилна и извршна.
Во одлуката на судот се наведува дека во веста на Anadolu Ajansı не се работи за тврдења за факти, туку се работи за изразување на добронамерно запознавање на пошироката јавност.
„Во случајот не се работи за изнесување на невистинити тврдења од страна на тужениот за тужителот туку за пренесени информации од тогашните збиднувања поврзани со пучот во Турција, кој се случил, па видно од содржината на текстот, тужениот јасно ја искажува својата намера за информирање на јавноста за тема од јавен интерес која била доста актуелна во тој период”, се вели во судската одлука.
Исто така, судот го задолжи „Заман Македонија” да ги надомести судските трошоци на подружницата на Anadolu Ajansı во Скопје.
„Во Македонија, во различни сектори има структури поврзани со терористичката организација ФЕТО. Во различни градови на земјата, фирмите поврзани со ФЕТО од областите на образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот покажуваат активност. Во областа на медиумите, пак, пример е весникот „Заман Македонија“, кој во земјата се објавува како неделен весник”, беше наведено во веста објавена од АА на 28 јули 2016 година во која се открива структурирањето на ФЕТО на Балканот.
По оваа вест, весникот „Заман Македонија” покрена тужба против подружницата на Anadolu Ajansı во Скопје со тврдење дека веста содржи „клевета и со тоа се нарушува неговиот углед”.
Терористичката организација ФЕТО предводена од Фетула Ѓулен кој живее во САД, е одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 лице, додека над 2.000 беа ранети.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.