Merve Berker
08 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
ВАН
Најмалку 73 нелегални мигранти се фатени денес во три одвоени операции во турската источна област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на жандармериската команда во Ван фатија 52 мигранти кои се криеле во пештера откако нелегално влегле во Турција од Иран, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Шеснаесет нелегални мигранти беа фатени во Ван во населбата Озпинар, додека уште петмина биле фатени во напуштена куќа на истата локација.
Мигрантите се однесени во жандармериската команда на подрачјето, каде што добиле храна и биле испратени во локалната канцеларија за миграција.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да стигнат до Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогонство.
Турција е домаќин на речиси 4 милиони бегалци, вклучувајќи над 3,6 милиони Сиријци, што е повеќе од која било друга земја во светот.