Handan Kazancı
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ЧАНАККАЛЕ
Властите фатија 114 нелегални мигранти во западна Турција, кои се обидувале да преминат во Грција, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Странските државјани од различни земји, обидувајќи се да преминат на грчкиот остров Лезбос, од брегот на областа Чанаккале запловија со дрвен брод во Егејското Море“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Екипите на Турската крајбрежна стража во регионот ги донесоа овие лица на брегот по операцијата „Бозџаада“ во Чанаккале.
„Еден осомничен е уапсен за организирање нелегален премин“, додаваат изворите.
Турција е главна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.