Yasemin Kalyoncuoğlu
05 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
АНКАРА
Две лица, од кои еден припадник на терористичката организација ФЕТО, се фатени при обид на нелегален начин да поминат од Турција во Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пограничните безбедносни сили во западната турска област Едрене фатија две лица кои се обиделе на нелегален начин да преминат на територијата на Грција, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција.
По криминалистичката обработка е утврдено дека едно од двете лица е припадник на терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.