Sertaç Bulur
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА
Турските полициски сили приведоа најмалку 18 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, а станува збор за лица за кои постојат сомнежи дека се вклучени во нелегални активности, како што се крадење на прашањата и местење на испитите за прием во работен однос во судските институции во текот на 2013 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што и претходно во повеќе наврати со истрагата на турското Обвинителство е утврдено, членовите на ФЕТО со години со местење на испитите напредувале во службата инфилтрирајќи се така во државните институции.
Републичкото обвинителство во Анкара започна истрага во врска со крадењето на прашањата и местењето на испитите за прием во служба во судските институции. Во рамките на споменатата истрага издаден е налог за приведување на најмалку 21 лице, од кои 18 веќе се лишени од слобода. Продолжуваат акциите за приведување на преостанатите три осомничени лица.
Според информациите што новинарот на АА ги доби од полициски извори, голем број членови на ФЕТО на сослушувањето признале дека за време на престојот во т.н. „куќи на ФЕТО“ ги добиле прашањата претходно, и дека тие се совпаѓале со прашањата на испитот.
Меѓу приведените се двајца кандидати за судии, 11 судии или кандидати за судии кои претходно се суспендирани, седум адвокати и еден офицер.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.