Büşra Nur Bilgiç
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во првите 9 месеци од годината во Турција, при обид илегално да преминат во Европа, фатени се околу 315.000 илегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека околу 268.000 лица биле фатени додека се обидувале илегално да преминат во Европа во 2018 година, додавајќи дека Министерството очекува бројката на крајот од 2019 година да достигне 400.000.
„Се обидувавме да ѝ објасниме на Европа за илегалните мигранти од Авганистан и Африка веќе 3-4 години. За жал, таа не разбира. Речиси 45,5 отсто од мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа се Авганистанци“, изјави Сојлу.
Сојлу понатаму рече дека растојанието меѓу земјите во светот не обезбедува заштита, додавајќи: „Доколку не е безбеден Блискиот Исток, не е безбеден Париз, не е безбеден Берлин, и другите делови во светот дефинитивно не се безбедни.“
Турција е клучна транзитна точка за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.