Mücahit Türetken
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Пред Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул се одржува комеморација, по повод една година од убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на меѓународни невладини организации и платформи за човекови права, пред Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул започна комеморацијата по повод една година од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Комеморативниот настан го модерира уредникот на „Мидл ист ај“ (Middle East Eye), Дејвид Херст. Комеморацијата започна со едноминутно молчење во 13:14 часот, времето кога новинарот Кашоги влезе во Генералниот конзулат.
На комеморацијата присуствуваат Хатиџе Џенгиз, вереничката на Џамал Кашоги; активистот со Нобелова награда, Тавакол Карман; советникот на претседателот на АК Партијата, Јасин Актај; претседателот на Турско-арапската асоцијација, Тураб Кишлакчи; претставникот на Амнести интернешенел, Ендрју Гарднер; египетскиот политичар Ајман Нур; претставникот од Турција од Репортери без граници, Ерол Ондероглу; основачот на ДАВН (DAWN), Нихад Авад; специјалната известувачка за човекови права на ОН, Агнес Каламард; активистот за човекови права, Мухамед Солтан и претседателот на Форумот „Ел Шарк“, Вадах Канфар.
Програмата ја следат голем број локални и странски медиуми.