Nilay Kar
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа двајца терористи на ПКК во рамките на антитерористичка операција во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана се соопштува преку Твитер дека терористите се неутрализирани во регионот Хафтанин, како дел од тековната антитерористичка офанзива на турските сили, операцијата „Канџа 3“.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
На 27 мај, Турција ја започна операцијата „Канџа“ против ПКК во регионот Хакќурк во северен Ирак, проследена со втората и третата фаза на операцијата во јули и крајот на август.
Турското Министерство соопшти дека во текот на изминатите четири месеци во северен Ирак се неутрализирани над 400 терористи на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.