Halil Demir
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 31 странски државјанин беше уапсен за време на операцијата во Истанбул, чија цел се лица поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, полицискиот тим на Одделот за борба против тероризмот во Истанбул започна акција за апсење на лица осомничени за дејствување за ДЕАШ и дека подготвуваат одредени терористички активности.
За време на претресот на шест адреси во три области во Истанбул, биле уапсени најмалку 31 странски државјанин.
Полицијата, исто така заплени значителни количества на дигитални материјали и документи.
Осомничените по лекарскиот преглед беа префрлени во полициската зграда каде што е во тек криминалистичка обработка.