Sinan Uslu
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на покана на премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим ќе престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-центарот на Владата на Турција преку писмено соопштение информираше дека премиерот на Македонија Заев, на покана на турскиот премиер Јилдирим на 11 и 12 февруари ќе оствари официјална посета на Турција.
Во соопштението се наведува дека во рамките на посетата, премиерот на Македонија, Заев, ќе оствари билатерална средба со својот турски колега, а ќе има и средба меѓу делегациите од двете земји. На средбите ќе бидат разгледани билатерални и регионални теми.
Во соопштението се истакнува дека Македонија и Турција имаат цврсти врски кои потекнуваат од далечното минато и дека двете земји ги врзуваат братски врски.
„Еден од основите елементи на силните братски конекции меѓу двете земји се нашите сорародници кои живеат во Македонија. Турција придава големо значење на развивањето на билатералните односи со Македонија на секое поле, и затоа, за мирот стабилноста во Македонија и на Балканот, потребно е на Македонија да ѝ се даде силна поддршка за нејзина интеграција во евро-атланските институции”, се вели во соопштението од прес-центарот на владата на Турција.